10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Apple во март ќе претстави нискобуџетен iPhone

Kabtel desktop

Apple и официјално е подготвен да се врати на пазарот за нискобуџетни мобилни телефони по пауза од четири години. Компанијата планира да почне со производство на нискобуџетниот iPhone во февруари, а официјално ќе го претстави во март.

Apple се враќа на овој пазар после подолга пауза. Имено, претходниот нискобуџетен модел кој го направи компанијата беше iPhone SE, а чинеше 399 долари.

Во септември минатата година јапонскиот весник Nikkei објави дека новиот iPhone ќе има најголем дел од составните делови на другите iPhone, но ќе има поевтин LCD екран за цената да биде попристапна.

Apple се одлучи на овој чекор за да ги придобие потрошувачите кои користат мобилни телефони од други компании како Huawei. Продажбата на iPhone уреди во четвртио квартал минатата година падна за 10%, односно околу 33 милијарди долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •