10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ја соопшти својата одлука за новите малопроданицени на горивата, кои ќе важат до идниот понеделник. Според одлуката, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,8%.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за по 0,50 денари. Тоа значи дека во текот на оваа недела ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 67,50 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 69,50 денари.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар за литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ од ноќеска на полноќ ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстралесното масло за домаќинство 49 денари за литар.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •