19 C
Skopje
понеделник, септември 28, 2020

CEED Macedonia Business Angels Club објавува нов повик за бизнис идеи

TMF desktop 19.08.2020

Имате бизнис идеја, но потребна ви е поддршка за да ја реализирате? Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија ви дава можност да ја претставите својата креативна идеја до втори март оваа година.

Од пристигнатите апликации ќе биде направена селекција, а на 10-ти март избраните бизнис идеи во ЦЕЕД Хаб Скопје, ќе имаат можност да ја претстават својата идеја пред бизнис ангелите. Доколку тие оценат дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин којшто дополнително ќе се утврди. Повикот е отворен за идеи од сите индустрии.

Апликацијата можете да ја пополните на следниот линк, регистрацијата е бесплатна, а може да се пријавите и на овој мејл: ceed@ceed-macedonia.org.

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите од ваков вид во Македонија. Од јануари 2016 година, клубот е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Досега во различни бизнис идеи се инвестирани 250.000 евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •