0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Луѓето кои заминуваат навреме од работа се поздрави и посреќни

Kabtel desktop

Многу вработени сметаат дека околината ќе ги доживее како недоволно посветени ако први го напуштат работното место. Според многу истражувања, апсолутно нема корист од прекувремената работа затоа што таа и наштетува не само на работата која ја вршите, туку и на вашиот социјален живот, на менталното здравје и на здравјето, генерално.

Можеби не ви се чини дека е така кога сте се уште во канцеларија во 18 или 19 часот навечер, но верувајте, луѓето кои излегуваат од работа навреме се поздрави и посреќни.

Студиите покажаа дека после одредено време работните часови стануваат се помалку продуктивни. Поточно, секој дополнителен час поминат во канцеларија е многу помалку продуктивен од претходниот и дава послаби резултати. Поради тоа на многу работни места како резултат се мери продуктивност, а не работните часови и воопшто не е битно дали работите повеќе или помалку часови се додека работата ја вршите квалитетно.

Дополнителното работно време резултира со зголеме ризик од кардиоваскуларни заболувања, замор, ниско ниво на енергија и лошо здравје. Истражување спроведено на три континенти покажа дека луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно имаат 33% поголем ризик од мозочен удар во споредба со луѓето кои работат помалку од 40 часа неделно.

Ако се навикнете на идејата сите задачи да ги завршите до 17 часот, ќе сфатите дека немате многу време и тоа е одлично. Ако ги елиминирате непотребните пречки, долгите паузи за кафе и повремените разговори со колегите, подобро ќе менаџирате со своето време и ќе завршите повеќе работа.

Со поставување граници и известување на колегите дека канцеларијата ќе ја напуштите во 17 часот, дури и ако тие остануваат подолго, ќе воспоставите вистинска атмосфера на работа. Најчесто луѓето остануваат подолго на работа затоа што не сакаат да изгледа дека не се посветени на работата.

Можеби не чувствувате замор кога работите подолго и можеби навистина си ја сакате работата, но дозволете си навреме да ја напуштите канцеларијата и ќе видите колку е убаво да имате час или два повеќе слободно време секој ден за дружење со семејството, со пријателите, за спортување, за шетање со милениците или за некое хоби.

Овие активности ги регенерираат нашите залихи на енергија. Не мора за вклучувате други луѓе во своето слободно време ако не сакате. Дури и медитацијата, лакирањето нокти или шетањето во природа се многу битни за долгорочното ментално и телесно здравје.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •