1.3 C
Skopje
среда, април 1, 2020

“Social Entrepreneurship” – бесплатен вебинар за сите мали и средни компании

Kabtel desktop


На 20.03.2020 (петок) со почеток од 12 часот, а во организација на ПСМ Фондација, ќе стартува бесплатниот вебинар насловен “Social Entrepreneurship”, наменет за сите мали и средни компании.

Вебинарот “Social Entrepreneurship” ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.

Организаторот како клучни причини за учество на овој бесплатен вебинар ги истакнува следните аспекти со кои ќе имаат можност да се запознаат сите учесници. Тоа се дефинирањето на социјалното претприемништво, неговите основни принципи, потреби и социјални проблеми, како и видовите на социјални бизниси во Европската Унија, важноста на социјалното претприемништво, предизвиците и приоритетите и социјалните бизниси во Македонија.

Модератор на овој вебинар е проф. д-р Радмил Поленаковиќ – редовен професор на Машинскиот Факултет Скопје, на предметите: Претприемништво и мал бизнис, иновациски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, логистика итн. Автор и коавтор е на повеќе од 300 трудови, а учествувал во реализација на повеќе од 100 меѓународни и домашни проекти од разни програми.

Гостувачки професор е на УНЕСКО Катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Србија. Член е на Европската академија на науките и уметностите.

За учество на вебинарот потребно е да се регистрирате на следниот линк, а набрзо потоа ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одржи вебинарот.

За повеќе информации за овој бесплатен вебинар можете да се обратите на contact@yes.org.mk или на телефонскиот број 02 3108 891.

Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •