Научниците се пред откривање на мистеријата на стареењето на луѓето

- Advertisement -

Поради неутврдени причини, луѓето кои надминуваат 100 години живот се отпорни на болести како Алцхајмер, срцеви заболувања и рак. Во обид да го копираат тоа медицинско чудо, научници успешно репрограмирале клетки земени од жена стара 114 години. Тоа е прво вакво постигнување во историјата на медицината.

Сега сме на чекор поблиску да одговориме на мистеријата зошто тие луѓе стареат побавно. Научникот Еван Снајдер и тим од научници од Институтот за медицински откритија Сенфорд Бурхам Пребис и приватната компанија AgeX Therapeutics репрограмирале клетки земени од 114-годишна жена, 43-годишна жена и 8-годишно дете кое боледува од прогерија, односно дегенеративна болест која предизвикува забрзано стареење со цел да ја откријат мистеријата на стареењето.

- Advertisement -

Снајдер и неговиот тим најпрвин од крвните клетки направиле матични клетки за генерална употреба, односно плурипотентни матични клетки. Потоа ги претвориле во специфични матични клетки познати како мезенкимални матични клетки, кои помаат во одржување на структурното ткиво во човечкото тело како коските, рскавицата и мастите.

На нивно изненадување, откриле дека матичните клетки од тројцата субјекти еднакво лесно се трансформирале. Исто така, откриле дека теломерите, односно заштитниот дел од ДНК со кој се намалува стареењето, од матичните клетки кај сите тројца субјекти се вратиле во првобитната состојба, вклучувајќи ја и 114-годишната жена. Во нејзиниот случај теломерите се вратиле на нивото од раната младост или дури и во добата непосредно после раѓањето, како биолошкиот часовник да им се враќа назад се до првиот ден. Тоа почесто се случува со теломерите кај младите луѓе.

- Advertisement -

Со ова достигнување научниците надминаа клучна технолошка препрека и сега можат да се фокусираат на отклучување на тајната на долговечноста. Ако им успее, фармацeвтските компании ќе можат да развијат лекови кои спречуваат одредени процеси во стареењето.

Сподели!
- Advertisement -