Европската комисија ќе основа фонд од 15 милијарди долари за помош на компаниите

- Advertisement -

Европската комисија предложи основање на фонд вреден 15 милијарди евра, кој би служел за инвестирање во стратешки компании погодени од кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Предлогот треба да го одобрат владите и парламентите на државите-членки на ЕУ, а е резултат на фактот што бројни компании ширум светот се изложени на непријателски преземања поради падот на нивната пазарна вредност и недостигот од извори на финансирање среде пандемијата.

Новиот фонд би отворил можности за инвестирање во таквите компании или би им дал можнст за земање поволни кредити, а главен таргет се медицинската грижа, вселенските истражувања, дигиталните и зелените технологии, велат од ЕУ.

- Advertisement -

Грижата поради ранливоста на некои европски компании се појави уште во март годинава, после информациите дека САД се обидуваат да ја преземат германската компанија CureVac, биотехнолошка компанија која работи на развој на нови технологии со цел намалување на трошоците за производство на вакцини. Европската комисија тогаш реагираше најавувајќи помош за CureVac во износ од 80 милиони евра.

Помошта од ЕУ која е најавена сега би била насочена кон компании на кои им треба дополнителен капитал за да продолжат со производство. Тоа на компаниите би им овозможило да ја одбијат помошта која им ја нудат несакани партнери. Новиот фонд, всушност, е мал во споредба со големите државни фондови кои имаат на располагање стотини милијарди долари наменети за инвестирање во стратешки компании, но се очекува да добие на значење така што ќе привлече приватни инвеститори.

- Advertisement -

Комисијата проценува дека тие почетни 15 милијарди евра може да поттикнат на инвестиции до 150 милијарди евра во периодот од 2021 до 2027 година. Фондот е дел од поширок план на ЕУ за помош на компаниите на кои им треба поддршка во форма на финансиски капитал.

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -