14.5 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Танзанија го претвора пластичниот отпад во заштитни маски за корона вирусот

Kabtel desktop

Танзанија го претвора пластичниот отпад во заштитни маски за корона вирусот. Потребни се само три минути за да се направи заштитна маска од пластични шишиња, а чини само 1 долар.

Досега компанијата Zeidi Rezyclers направи 6.000 заштитни маски, кои се користат во болниците низ земјата. Вообичаено, компанијата рециклира хартија и ја предава на мелници, но кога поради пандемијата се стопираше извозот, компанијата склучи партнерство со Асоцијата за рециклирање на Танзанија за рециклирање пластични шишиња и на вработените им обезбедува транспорт за безбедно да стигнат на работа.

Многу африкански земји воведоа брзи мерки за да се спречи ширењето на корона вирусот, но економските проблеми поради карантинот како последица на вирусот најмногу ги погодуваат сиромашните. Се очекува дека Супсахарска Африка ќе биде најмногу погодена од кризата после 1970 година, а милиони луѓе ќе дојдат на прагот на екстремна сиромаштија, па затоа е најбитна помошта од интернационални организации.

Tanzania is turning waste plastic bottles into coronavirus face shields

Fighting coronavirus and plastic waste.📕 Read more: https://bit.ly/3cv7QuD

Posted by World Economic Forum on Петок, 12 јуни 2020

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •