19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Две хрватски компании ги здружија силите и заедно прават 5G мрежа

Kabtel desktop

Воведувањето на 5G технологијата веќе почна во Хрватска и тоа најпрвин во неколку тес-региони, а до крајот на годината Осијек би требало да стане првиот хрватски 5G град.

Но, за 5G технологијата да стане достапна за сите граѓани потребно е да се изгради 5G мрежа ширум земјата. За да го остварат тоа две хрватски компании, Хрватски Телеком и Ericsson Nikola Tesla потпишаа договор за соработка врз база на кој ENT до 2024 година ќе бидат ексклузивни испорачатели на радискиот дел од мобилната мрежа на Хрватски Телеком . Како што велат од двете компании, станува збор за првиот 5G договор на две хрватски компании во Хрватска.

Успешното лансирање започна со модернизација на радискиот дел од мрежата пред две години и е насочено кон воведување 5G стандарди во мобилната мрежа. Целта на Хрватски Телеком е со 5G мрежата на своите корисници да им обезбеди поголема брзина и 5G покриеност, а на хрватското стопанство и општество да му ги приближи придобивките од дигитализацијата и 4.0 индустријата.

„Во текот на изминатите неколку месеци стана јасно колку се битни ИКТ индустријата и инвестициите во дигитална инфраструктура затоа што се клучни за дигитализацијата на општеството и враќање на економскиот раст. Соработката со Ericsson Nikolа Teslа е најнов пример за нашата поддршка на стопанството и општеството. Продолжуваме да инвестираме во мрежата и да поврземе се во Хрватска со можностите на дигитализацијата. Хрватски Телеком како водечка мрежа ќе и овозможи на компаниите да станат поиновативни и попродуктивни, а економијата да биде уште поконкурентна и поотпорна на предизвици. Имплементацијата на 5G технологијата е широко применлива и комплементарна со потребите на хрватското стопанство преку, на пример, овозможување на поголема енергетска ефикасност со паметни мерења и динамичко управување со снабдувањето со електрична енергија, потоа поголема ефикасност во земјоделството преку поврзани и автоматизирани уреди и машини или оптимизација на процесот на наводнување, како и во разни други индустрии“ изјави Костас Небис, претседател на Управата на Hrvatski Telekom.

(Dnevnik.hr)

(фото: )

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •