16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Повторно расте вредноста на дигиталното злато – биткоинот

UAKS desktop

Биткоин вчера, 28 јули, достигна вредност од над 11.200 долари, што е максимумот годинава кога доларот претрпе пад на вредноста, а инвеститорите се свртеа кон алтернативните валути, вклучувајќи го и златото.

Цената на криптовалутата се зголеми за 52% од почетокот на годината досега, околу 23% од почетокот на јули, а само во текот на вчерашниот ден цената порасна за околу 14%. Ова покачување на вредноста беше резултат на најавата дека американските банки ќе им дозволат на клиентите да чуваат дигитални валути во банка. Моментално биткоинот и другите дигитални валути може да се чуваат во дигитални паричници или може да се инвестира во криптовалути преку платформи, кои потоа ги чуваат парите за вас.

Во корист на биткоин се и аргументите на пазарот дека оваа криптовалута може да ги замени традиционалните валути. Луѓето се плашат дека може нивната заштеда може да ја изгуби вредноста, па инвестираат во алтернативни валути. Освен златото, се очекува се поголема употреба на криптовалутите.

Од друга страна, цената на златото вчера исто така достигна рекордни нивоа – 1.945 долари за унца, бидејќи ослабениот долар и зголемените инфлациски прогнози го зајакнаа овој скапоцен метал. Љубителите на криптовалути повеќе пати истакнуваа дека биткоинот е еден вид заштита затоа што не е директно поврзан со инфлацијата и каматните стапки.

Сепак, експертите предупредуваат дека ако дојде до втор бран од корона вирусот во светот, уште еднаш разнишаната глобална економија ќе се одрази и на цената на биткоинот.

(Bizlife, The Sun)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •