Hyundai најави нов бренд на електрични автомобили Ioniq

- Advertisement -

Иако аналитичарите имаат различно мислење за продажбата на електрични автомобили и дали ќе ја надмине продажбата на бензинци и дизелаши, автомобилските компании сметаат дека електричните автомобили се иднината. Бројот на електрични возила на патиштата расте, а се повеќе се работи на инфраструктурата, односно станиците за полнење. Со поразвиена структура, поиздржливи батерии, како и поповолни цени на автомобилите на струја, јасно е дека интересот за нив се повеќе ќе расте.

Според најавите од големите автомобилски компании, во текот на наредните неколку години на пазарот ќе се појават многу нови модели на возила со електрични автомобили, а една од компаниите кои имаат големи планови на пазарот е и Hyundai. Таа компанија лани склучи стратешко партнерство со хрватски Rimac Automobili.

- Advertisement -

Hyundai на пазарот веќе ги продава електричните автомобили Konа и Ioniq, a токму на тој бренд ќе ја базира иднината на своите возиал. Имено, електричните автомобили ќе се продаваат под брендот Ioniq и до 2025 година ќе претстават три такви автомобили.

Првиот модел Ioniq 5, кој треба да се појави на пазарот идната година, се базриа на претходно претставениот концепт Hyundai 45. Станува збор за концепт возило со ретро изглед направен по повод 45-годишнината од првиот автомобил Pony кој целосно го разви корејската компанија. Потоа во 2022 година ќе го претстават Ioniq 6, уште еден модел базиран на концепт. Моделот Prophecy, футуристички автомобил со спортски дизајн, сигурно ќе претрпи промени до претставувањето на електричната верзија.

- Advertisement -

Тоа возило ќе има некои автономни опции, но сигурно нема да биде целосно спремно за целосно преземање на улогата на возачот. Исто така концептот нема ни педала за гас и кочници, нема да има волан, туку еден вид на џојстик.

Последниот од трите модели на пазарот треба да се појави во 2024 година- Ioniq 7. За него нема никакви информации, освен дека ќе биде голем теренец. Сите три модели ќе бидат базирани на истата модуларна платформа Electric Global Modular Platform – E-GMP, а Hyundai планира до 2025 година да продаде 1 милион електрични возила.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, Digital Trends)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -