Американската компанија Аbbott Labs доби итно одобрение од американската Управа за храна и лекови за својот брз тест за корона вирусот, кој може да ја открие инфекцијата со КОВИД-19 за 15 минути.
„Тестот е револуционерен“ изјавија од Министерството за здравство. И инвеститорите го делат нивното мислење затоа што акциите на Abbott скокнаа за 8% после таа вест.
Одобрението за итна употреба од страна на Управата за храна и лекови се однесува на тестот BinakNOV Covid-19 Ag на Abbott. Со големина на кредитна картичка BinakNOV ќе чини 5 долари и ќе доаѓа со бесплатна мобилна апликација која содржи привремен здравствен картон со датум кој се обновува секогаш кога ќе се направи нов тест.
Тестот на антитела, во кој е вклучен брис од нос, користи иста технологија како и тестот за грип. Од компанијата Abbott предвидуваат производство до 50 милиони тестови месечно почнувајќи од октомври. Овој тест е четвртиот тест на антитела кој доби одобрение за итна употреба од страна на управата.
(The Verge, Bizlife)
(фото: FAIRCHILD AIR FORCE )