18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Finance think: Да се врати мерката за 14.500 денари на секој вработен во најпогодените дејности

Да се врати мерката со која државата ќе му исплати по 14.500 денари на секој вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со ковид -19. ОВа денеска го предлага Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ од каде сметаат дека треба да се доделат 14.934 денари месечно по вработен за компании кои во периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на периодот април-јуни.

Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година – се наведува во предлогот, а очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници.

За реализација на оваа мерка државата би потрошила вкупно 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според проценките на Институтот, е една четвртина од нововработените. Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •