21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Хрватска воведува национална пензија од следната година

Хрватска од 2021 година воведува национална пензија за луѓе постари од 65 години кои немаат право на пензија затоа што немаат минимален работен стаж од 15 години. Националниот надомест за постарите луѓе, попознат како национална пензија, е долго очекуван проект. Целта е да се реши статусот на многу постари граѓани кои не оствариле минимални услови за право на пензија, па за нив ќе се измисли хибрид од социјална помош и пензија во вид на месечен надомест од 105 евра.

Според проекциите, се очекува да бидат примени 19.700 корисници во текот на првата година и за тоа ќе бидат потребни 17,5 милиони евра, кои ќе се исплатуваат од буџетот. Покрај општите услови, идните корисници не смеат да имаат повеќе од 105 евра приход по член на домаќинство.

На пример, во случај брачен пар каде што жената нема право на пензија, а мажот има пензија од 160 евра, таа може да оствари право на национална пензија. Меѓутоа, кога пензијата на мажот би била поголема од 160 евра, таа не би можела да оствари право на национална пензија.

(Bizlife)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •