„Синеплекс“ денес ги отвора кино салите

- Advertisement -

По последната одлука на Владата, „Синеплекс“ од денеска повторно почнува со работа. Протоколот за работа на киното  ќе биде јавно објавено на официјалната веб страна на Синеплекс.

Со предложените протоколи за организирање настани од страна на Комисијата за заразни болести, а прифатени од Владата, „Синеплекс“ ги имплементирање во работењето со цел заштита на здравјето на посетителите и вработените.

- Advertisement -

Вработените во киното целосно ќе ги почитуваат мерките за да се зголеми безбедноста и пред се да придонесат во  заштита на здравјето на посетителите.

„Синеплекс“ дополнително го зголеми нивото на дезинфекција, во просториите и салите се поставени диспанзери за хигиена на раце, заштитни бариери и заштитна опрема за сите вработени.

- Advertisement -

Фото – Skopje City Mall

Сподели!
- Advertisement -