10 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Изумот Cold Tube ќе ги замени традиционалните клима уреди

Kabtel desktop

Летно време нема кој не користи клима уред и плаќа високи сметки, или пак се одлучува да штеди и да се препотува. Друга причина за да не се користи клима уред е јаглерод диоксидот што го испуштаат во воздухот или тоа што помагаат за подобра циркулација на бактериите кои може да предизвикаат проблеми со дишните патишта ако претерано се употребуваат.

Сега група истражувачи од универзитетите Британска Колумбија ,Принстон, Калифорнија, Беркли и швајцарскиот ETH центар најдоа друго решение и го нарекоа Cold Tube.

Клима уредите работат така што го ладат воздухот околу нас и ја отстрануваат влажноста, но се скапи и не се еколошка опција. Cold Tube функционира така што ја апсорбира топлината директно емитувана преку радијацијата од личност без да мора да чекаат ладниот воздух да помине покрај нив. Така се заштедува огромна количина енергија“, вели еден од лидерите на проектот, Адам Русанек, кој е асистент професор по еколошки системи.

Cold Tube, кој во суштина е систем од четириаголен ѕид и панели на таван кои се одржуваат ладни така што низ нив циркулира вода. Како што топлината природно се движи од потопла површина кој поладна преку радијација, кога некој стои веднаш до ладните панели ќе почувствува ладење на телото или движење на воздух крај него. Иако слични уреди веќе со децении се користат во зградите, она што е уникатно кај Cold Tube е фактот дека нема потреба да се комбинира со систем за отстранување на влагата од воздухот.

На сличен начин на којшто ладниот пијалак турен во чаша ќе предизвика концензација на вода од надворешната страна кога надвор е топло, ѕидовите и таваните на зградите кондензираат која се ладат многу брзо. Тоа е причината зошто клима уредите имаат вградени системи за отстранување на влагата.

Со цел да ги заобиколат таквите системи креаторите на Cold Tube направиле мембрана која спречува кондензирање на изладените панели, а радијацијата може непречено да помине низ неа. Тимот кој го создаде Cold Tube се надева дека ќе имаат функционална верзија до 2022 година.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •