10 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

На Марс има езера кои се поголеми од Хрватска и Словенија заедно

Kabtel desktop

Црвената планета е се поинтересна за научниците. Покрај тоа што има силни бури, ветришта, па дури и „марсотреси“, научниците се посебно одушевени и пронаоѓањето на големи залихи на солена вода по ледот на јужниот пол на Марс.

Радарите на Европската вселенска агенција не само што го потврдија постоењето на едно езеро пред две години, туку открија и три нови. „Ја идентификувавме истата водена површина, но пронајдовме уште три околу главното езеро“, истакна Елена Петинели од Универзитетот на Рим.

За да откријат што се сокрива под површината на Марс, научниците користеле радат MARSIS (Mars Advanced Radar for Suburface and Ionosphere Sounding), кој испраќа радиобранови во длабочината и собира повратни информации за тоа што точно се наоѓа под површината. На сличен начин се истражуваат езерата под ледот на Марс.

Но, езерата на Марс се поголеми од езерата на нашата планета. Според податоците кои ги собраа научниците, марсовските езера се простираат на површина од 75.000 квадратни километри, односно поголеми од површината на Хрватска и Словенија заедно.

Научниците се уверени дека водата во езерата е премногу солена за да остане течна поради недостатоците на атмосферата. Некои дури мислат дека водата не е течна во обликот каков што го гледаме на Земјата, туку веројатно станува збор за густа смеса која се дефинира како течост, а повеќе наликува на желатин.

(Nature)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •