5 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Rockubot Lite е минијатурен персонален робот за стерилизација и дезинфекција

Kabtel desktop

Денес ситуацијата во светот е како никогаш порано. Сите носиме маски, марамчиња за дезинфекција и ги миеме рацете секогаш кога ќе фатиме нешто со рацете. Стерилизацијата и дезинфекцијата на околината стана задолжителна, па зошто да не си го олесниме таквото секојдневие.

ROCKUBOT LITE е паметен робот за стерилизација. Овој мал робот ветува дека ќе исчисти 99,99% од сите бактерии и бацили кои се кријат во секој ќош на домот, канцеларијата, автомобилот итн. Но, како работи?

Едноставно. Ултравиолетовата светлина и технологијата за ултразвучни бранови ги одбиваат бактериите и другите несакани минијатурни живи суштества од секој дел од домот. Се што треба да направите е да го вклучите и да го пуштите да работи. Роботот е опремен со 24 паметни сензори кои му помагаат да се движи.

Оваа револуционерна машина за дезинфекција и стерилизација може да дезинфицира се. Доколку сакате да го држите во рака и со него да дезинфицирате, треба да го изберете рачниот начин на работа. Роботоt може да ги исчисти дури и електронски уреди како телефонот.

Кога не го користите за чистење можете преку него безжично да го полните телефoнот или да го користите како Bluetooth звучник. Размислете колку пари ќе заштедите на средства за дезинфекција. Освен тоа, роботот чисти без употреба на опасни хемикалии.

ROCKUBOT LITE: Smart Sterilizing Robot се продава по цена од 129 долари.

(New Atlas)

(фото: Rockubot screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •