-2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2020

Еко Логик организира меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Kabtel desktop

Здружението на граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, чија цел е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како и да го поттикне натпреварувачкиот дух на учениците и самите училишта.

Натпреварот ќе биде реализиран преку дигитална игра „Еко Маало“, која е достапна на платформа „Тabletopia“ и може да се игра преку мобилен телефон или компјутер, а право на учество имаат ученици од 7-мо/8-мо и 9-то одделение.

Потребно е училиштата да номинираат четири учесници кои имаат познавања и интерес за темите кои ќе се обработуваат. Номинацијата може да ја направат по реализиран интерен натпревар во самото училиште на зададената тема физички или онлајн. Тој интерен натпревар е потребно да биде реализиран во периодот додека трае повикот. Принципот ќе се заснова на „прв дојден, прв услужен“.

Училиштето треба да достави Screenshot фотографија каде што има приказ дека номинираните учесници се подготвени, односно имаат основни дигитални вештини за да ја играат дигиталната игра Еко Маало (приказ од самата игра, практично играње и сл.), како и пополнета согласност од родителите дека нивните деца можат да учествуваат во онлајн натпреварите. Согласностите може да се пратат во скенирана форма или како фотографија (jpg формат).

За освоено прво место предвидена е награда велосипед за ученикот, а за училиштето паркинг за три велосипеди и пет копии од едукативната игра Вело Маало. Ученикот што ќе освои второ место, ќе добие награда кацига, шише за вода и маица Вело Родео. Додека пак училиштето ќе добие паркинг за три велосипеди и три копии од едукативната игра Вело Маало. Оној што ќе добие трето место ќе биде награден со кацига и торба, а училиштето кое го претставува ќе добие паркинг за три велосипеди и две копии од едукативната игра Вело Маало. За четвртото место предвидена е награда светла за велосипед кои ќе ги добие ученикот, а за училиштето е предвидена награда паркинг за три велосипеди и една копија од едукативната игра Вело маало.

Линк до водич за играта.

Линк за пријавување на кој е потребно да биде пријавен само оној ученик кој ќе биде победник од меѓусебните интерни натпревари во училиштата.

Упатства за игра на компјутер:

https://www.youtube.com/watch?v=28rLaXtdoCIhttps://www.youtube.com/watch?v=xV2mTiejXPY

Упатства за игра на мобилен телефон:

https://www.youtube.com/watch?v=kEOKtDfcqahttps://www.youtube.com/watch?v=wv-Yxofl3dg

Линк со целосни инструкции.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •