-4 C
Skopje
среда, ноември 25, 2020

Шпански научници открија каква врска има меѓу губењето на вкусот и КОВИД-19

E-commerc 11.11.2020

Губењето на осетот за вкус и мирис се покажа еден од клучните симптоми кај луѓето кои се заразени со корона вирусот. Но, научниците веќе со месеци ги интересира дали постои нешто специфично кај аносмијата поврзана со корона вирусот.

Експертите од Одеделот за неврологија на Клиничката болница во Ваљадолид со месеци истражувале и откриле зошто аносмијата е толку битна во оваа пандемија. Аносмијата е поврзана со ниска смртност од КОВИД-19 во болниците, истакнуваат научниците во написот кој го потпишаа дури 17 шпански експерти.

Анализата на податоци и следењето на пациентите во болницата во Ваљадолид oткрија дека губењето на мирисот бил забележан повеќе кај жените, помеѓу 33,9 и 68% од заболените. Освен што овој симптом бил почест кај жените, истражувачите забележале дека дека тоа е симптом и за поблаг облик на болеста кој исто така почесто се јавува кај помладите. Просечната возраст на заболените кои изгубиле чувство на мирис изнесувал 61 година, а останатите заболени имале 67 години.

Шпанските експерти на крај заклучиле дека пациентите кои покрај останатите, имаат и губење на мирисот, имаат помали шанси да завршат на интензивна нега.

Ова истражување е во иста линика со уште едно истражување на белгиски лекари кои откриле дека до губење на чувството за мирис не доаѓа затоа што вирусот го оштетува делот од мозокот задолжен за интерпретација на мириси, туку со неговото влегување во телото доаѓа до пошироко метаболичко пореметување на мозочната кора, каде се наошаат и деловите задолжени за мирис.

(Zimo)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •