15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Huawei го продава Honor за 15 милијарди долари

Kabtel desktop

Во последно време на интернет кружеа инфромации сека Huawei размислува за продажба на својот бренд Honor, кој е познат по ценовно пристапните телефони, а новите информации велат дека кинеската компанија договорила продажба со конзорциумот предводен од компанијата Digital China и властите на градот Шенжен. Уштр нема официјална потврда од кинескиот бренд, но извори Reuters велат дека таа зделка ќе вреди 15 милијарди долари.

Тоа изгледа како драстичен потег со оглед на тоа дека брендот Honor е исклучително комплементарен со мобилното портфолио на Huawei, веалт аналитичарите на Canalys специјализирани за мобилниот пазар.

Продажбата го вклучува самиот бренд Honor, iистражувачко -развојните потенцијали на компанијата и мрежата продавници и снабдувачи, а откако договорот ќе биде официјално потпишан, Honor ќе ги задржи сите 7 .000 вработени и ќе излезе на берза во наредните 3 години. Повеќе детали за продажбата на Honor, Huawei ќе објави во недела.

Според изворите вклучени во зделката, продажбата на Honor значи две работи. Прво, Huawei ќе мора да се фокусира првенствено на појаките и поскапи модели, додека ценовно поволните телефони ќе ги стави во втор план. Второ, ова може да биде знак дека Кинезите не очекуваат радикални промени на американската политика кон Кина, без оглед на тоа што Доналд Трамп повеќе не е претседател на САД.

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!