19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи дека горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до денар и половина за литар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе с епродава за 61,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,384 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,58 денари.

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •