-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

BMW претстави автономно возило чија внатрешност се претвора во дневна соба

Kabtel desktop

BMW покажа како може да изгледа внатрешноста на автомобилите во иднина кога на дизајнерите им се дадат отворени раце и можност за размислување надвор од традиционалните рамки. Неодамна беше претставено концепт возилото Mini Vision Urbanaut, BMW покажа како нивните дизајнери ја замислиле иднината на автомобилите. Притоа, главниот акцент не беше ставен на надворешниот дизајн, туку на внатрешноста, која повеќе потсетува на дневна соба отколку на возило.

Внатрешноста на возилото е базирана на истиот принцип – предни две одвоени седишта кои не може да се ротираат наназад, додека назад има задишта за двајца или тројца зад кои се наоѓа багажникот. Таквата внатрешност не остава многу простор за експерименти какви што направи BMW со Vision Urban.

Од фотографиите лесно може да се види како дизајнерите размислуваат надвор од традиционалното. Во Mini Vision Urbanaut седиштата може да се прилагодат и наместо предни и задни, да се добијат удобни фотелји и кревет. Со паметно искористување на просторот BMW успеа да смести мала дневна соба во простор долг само 4,46 метри.

Интересен детаљ е можноста за спуштање на контролната табла и на воланот, при што предниот дел станува мал шанк, додека шовершајбната може да се подигне нагоре, па патниците во возилото да се чувствуваат како да се на балкон. Секако, овие опции може да се користат само кога возилото е паркирано.

Станува збор за концепт кој веројатно нема да се најде на патиштата, барем не во толку блиска иднина и не во ваква форма. Замислен е како целосно автономно возило со електриче мотор, но ако сакаат, возачите може да ја преземат контролата над воланот и над возилото.

(BMW)

(фото: BMW screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •