Новиот Xiaomi Mi 11 нема да доаѓа со полнач во кутија

- Advertisement -

Директорот на компанијата Xiaomi, Леи Јун, потврди дека новиот телефон Xiaomi Mi 11 на пазарот ќе пристигне во елегантно пакување кое нема да вклучува полнач. Причинта за ваквата одлука на компанијата е заштитата на животната средина. Директорот Јун изјави дека покрај еколошките причини, Xiaomi се одлучил на овој чекор и затоа што многу корисници сигурно веќе имаат многу полначи дома.

„Денес сите имате толку многу полначи кои не ги користите, а кои истовремено се големо бреме за животната средина“ појасни тој.

- Advertisement -

Пред Xiaomi мобилни телефони без полначи почна да испорачува и Apple, а токму Xiaomi беше една од компаниите кои го критикуваа тој потег на Apple. Според некои информации, по истиот пат ќе тргне и Samsung, кој наскоро ќе го претстави моделот S21.

Xiaomi Mi 11 ќе го има најновиот процесор на Qualcomm, Snapdragon 888. Почетокот на продажбата на глобално ниво не е официјално познат, но веројатно ќе почне во јануари.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -