4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Земјата се врти толку брзо што 2021 година ќе биде најкратка во последните 50 години

Kabtel desktop

Иако можеби не изгледа така, но Земјата се врти се побрзо. Научници открија дека брзината со којашто се врти Земјата околу својата оска се зголемува, што ќе резултира со пократка година.

Имено, како што појаснуваат, на ротацијата на Земјата влијаат повеќе фактори – од атмосферата и океаните до нејзиното течно јадро. Меѓута, поради брзото ротирање се проценува дека во просек деновите во текот на 2021 година ќе бидат пократки за 0,05 милисекунди oтколку вообичаено. Тоа можеби и не изгледа многу, но кога ќе се собере колку денови ќе бидат пократки во годината, тоа значи дека ќе имаме пократка година.

Последниот пат кога просечниот ден бил пократок од 86.400 секунди цела година било во 1937 година, предупредуваат научниците. За просечниот човек тоа не значи многу, но може да се појават проблеми за технологијата која ја користата атомските часовници за точно и прецизно вршење на одделни задачи во астрономијата, навигацијата, компјутерските мрежи и слично. Ако Земјината ротација се промени во доволна мера, атомските часовници ќе станат непрецизни, што значи дека ќе треба да се додаваат или одземаат секунди за да се усогласат.

Таквата пракса на додадање секунди е воведена во 1972 година и дотогаш се додадени дури 27 дополнителни секунди. Но, научниците предупредуваат дека во овој слуај треба да се одземат секунди за часовниците да фатат чекор со Земјата. Во моментот се води расправа на глобално ниво за иднината на дополнителните секунди, односно дали треба така да се усогласуваат часовниците и Земјината ротација.

Од една страна, научниците заговараат да се дозволи продолжена разлика до еден час, по што тој час едноставно би се додал таа година, како што се додава ден во престапната година. И додека тоа би ја поедноставило работата на телекомуникациските мрежи, астрономите би морале сами да го пресметуваат времето се додека часот и официјално не се додаде.

Засега Меѓународниот сервис за Земјина ротација и системот за референци немаат во својот распоред додавање или одземање секунди. Но, ако Земјата продолжи да забрзува, тоа може да се промени.

(LiveScience)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •