14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

General Motors во Лас Вегас претстави автономен летачки „кадилак“

Kabtel desktop


General Motors го претстави својот автономен летачки автомобил „кадилак“. Возилото е технички VTOL дрон, односно дрон кој полетува и слетува вертикално и може да превезува патници од кров на кров со брзина од околу 88 км/ч.

Возилото е целосно електрично, има мотор од 90kW, батерија GM Ultium и ултралесно тело со четири пара ротори. Од General Motors концептот го опишаа како „револуција на иднината на личниот транспорт“.

„Кадилакот“ е наменет за еден патник, а беше претставен со видео како дел од виртуелната презентација на General Motors. Летачкото возило има слична надворешност како Cruise Origin, со лизгачки врати и панорамски стаклен кров. Кабината за патникот наликува на фотелја, а има и биометриски сензори, гласовна контрола и препознавање гестови со раце.

Од GM не откриваат други детали за летачкиот автомобил.

(World Economic Forum)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •