14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Американскиот претседател ги врати САД во Парискиот климатски договор

Kabtel desktop


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба со која ја враќа земјата во Парискиот климатски договор. Процесот ќе трае отприлика 30 дена. САД ќе мора да испратат формално писмо до ОН во кое ќе побараат да се приклучат на договорот. Поранешниот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од договорот и поради тоа беше критикуван од речиси целиот свет.

Извршната наредба потпишана од претседателот Бајден на првиот ден од неговата служба е само една од политиките поврзани со животната средина кои САД планира да ги спроведе. Бајден веќе потпиша друга извршна наредба за блокирање на изградбата на нафтоводот Keystone XL.

Престедателот ќе им нареди на сите агенции да ги ревидираат сите закои и регулативи ставени на сила под водството на Доналд Трамп. Со цел да се смени целата политика од изминатитеи четири години, Бајден ја назначи Џина Мекарти, поранешен раководител на американската Агенција за заштита на животната средина, да ја надгледува домашната агенда за трансформација до 2035 година. Бајден исто така си зацрта цел САД да станат карбонски неутрални до 2050 година, иако критичарите велат дека тоа ќе се случи и порано.

Експертите сугерираат дека амдинистрацијата на Бајден треба да стави приоритет на договорите за фер трговија со други земји кои имаат суровини потребни за напојување на енергијата за зелена енергија. Постојниот синџир на снабдување со материјали како литиум, кобалт и никел е голем извор на загадување и на кршење на човечките права.

Освен тоа, администрацијата на Бајден мора да размуслува за начини на кои ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид и заловување на јаглерод диоксидот. Новата администрација ќе мора добро да ги калкулира потезите ако сака да ја позиционира САД како глобален лидер на полето на климатските промени.

(Inhabitat)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •