14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Компанијата Pfizer се обврза да обезбеди 40 милиони вакцини за сиромашните земји

Kabtel desktop


Американската компанија Pfizer се обврза годинава да испорача 40 милиони дози вакцини против КОВИД–19 во согласност со напорите на Светската здравствена организација да обезбеди вакцини за сиромашните земји.

Договорот е поттик за светската програма COVAX, затоа што богатите држави веќе купија најголем дел од постојните неколку милиони дози вакцини. Обврската за компанијата, која беше најавена на виртуелна прес конференција во Женева, е битна затоа што влијателната американска Агенција за храна и лекови (FDA) на средината на декември минатата година дозволи итна употреба на вакцината против КОВИД-19 која ја развија американската компанија Pfrizer и нејзиниот германски партнер BioNTech.

Претходно неделава генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, ги критикуваше фармацевтските компании кои поради профит главно ги снабдуваат богатите земји.

За вакцинирање на еден човек се потребни две дози, а 40 милиони дози се само мал дел од она што е потребно за преку програмата COVAX да се вакцинираат милијарди луѓе во 92 сиромашни земји во светот со средни приходи, што е крајната цел на СЗО.

Механизмот COVAX, чија цел е обезбедување фер пристап до вакцините против КОВИД-19 за сиромашните земји, претходно обезбеди речиси 2 милијарди дози од други производители, плус можносст за милијарда дози повеќе.

Pfizer претходно не ветуваше дека ќе испорача вакцини против КОВИД-19 во сиромашните земји без остварување профит, како што направија неколку други компании. Меѓутоа, Pfizer и BioNTech соопштија дека нивната вакцина ќе ја достават за COVAX по непрофитна цена. Според договорот, компаниите треба да ги достават во текот на годинава почнувајќи од крајот на март.

(Bizlife)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •