Стапката на невработеност во ЕУ изнесува 7,5 отсто, во еврозоната 8,3 отсто

- Advertisement -

Стапката на невработеност во еврозоната во декември остана стабилна, 8,3 проценти, споредбено со претходниот месец, покажуваат сезонски прилагодените податоци, додека значително е зголемена во споредба со декември 2019 година, кога беше 7, 4 проценти, соопшти денеска Бирото за статистика на ЕУ, Евростат.

На ниво на цела ЕУ, стапката на невработеност во декември беше 7,5 проценти, што, исто така, е непроменета во однос на ноември, но значително поголема од 6,5-те проценти во декември 2019 година, соопшти Евростат.

- Advertisement -

Според статистичарите, во декември во Европската унија имало 16 милиони невработени мажи и жени, од кои 13,67 милиони во еврозоната.

Во споредба со декември 2019 година, бројот на невработени во Унијата е зголемен за 1,95 милион лица, а во еврозоната за 1,51 милион.

- Advertisement -

Кога станува збор за младите лица на возраст под 25 години, стапката на невработеност во ЕУ во декември се зголеми на 17,8 проценти од 17,5 проценти една година претходно, а во истиот период еврозоната се зголеми од 18,1 на 18,5 проценти.

Во ЕУ 3,13 милиони млади луѓе во декември беа невработени, од кои 2,59 милиони во еврозоната.

- Advertisement -

(MИА)

(Pexels)

Сподели!
- Advertisement -