19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,64 % во однос на Одлуката од 8.2.2021 година.

Во изминатите седум дена цената на нафтата на светските берзи e порасната за 10%, а тоа се должи на заздравувањето на глобалната економија и најавата за нов стимулативен пакет во Америка кој има позитивен ефект врз побарувачката на суровата нафта. Цените на нафтата се во пораст од ноември минатата година, од кога започна вакцинирањето на населението против Ковид-19. Истовремено друг фактор кој влијае на растот на цените е тоа што водечките светски производители ги намалуваат испораките од сурова нафта за 7,2 милиони барели на ден од почетокот на оваа година, според договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија. Во прилог на зголемувањето на цените влијае и одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот извозник, еднострано да ги намали испораките од сурова нафта во февруари и март, за дополнителни еден милион барели на ден “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година . Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг и сега ќе изнесува 34,342 ден/кг.

Од 16.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 63,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,342 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 3,874%, дизелот за 5,606%, екстра лесното масло за 5,714 % и мазутот за 6,383%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,179%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 8.2.2021), се дадени во следната табела:

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •