Француските власти соопштија за појава на нова варијанта на корона вирусот во северозападниот дел од земјата и дека таа варијанта не можат да ја откријат стандардните PCR тестови. Во Бретања е покрената истрага откако со геномско секвенционирање се откриени осум носители на новата варијанта од група од 79 заразени пациенти во градот Ланион.
Францускиот министер за здравство изјави дека не мислат дека новата варијанта е позаразна или дека предизвикува потешка форма на КОВИД-19, но на прес конференција француските здравствени власти изразија загриженост затоа што новата варијанта не може да се открие со стандардно тестирање.
Белгискиот виролог и меѓуфедерален портпарол за КОВИд-19, Стивен ван Гухт, објасни дека осумте пациенти покажувале невообичаени симптоми, но дека PCR тестовите упорно покажувале негативни резултати.
Оваа нова варијанта доаѓа во момент кога Франција има пораст на бројот на заразени, а францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека ќе има нови мерки на затворање во наредните неколку дена.
СЗО ја категоризираше новата варијанта како варијанта под истрага, но не и како загрижувачка варијанта, како што беше случај со британската, јужноафриканскаѕа и бразилската варијанта.
(News Medical)
(фото: coe.int)