На берзите започнаа тргувањата со акциите на криптовалутната платформа Coinbase

- Advertisement -

На њујоршката берза NASDAQ денеска за првпат започна да се тргува со акциите на платформата за трговија со криптовалути Coinbase. Цената на акциите на оваа компанија моментално се продава некаде околу 325 долари за акција, од првично најавената цена 250 долари.

Coinbase стана првиот крупен играч на пазарот со криптовалути изложен на јавно надавање на берзите. Вкупната вредност на компанијата во еден момент достигна 88 милијарди долари.

Coinbase беше создадена во 2012 година и сега е најголемата берза за криптивалути во САД. Бројот на корисници моментално е 56 милиони, или за 75 отсто повеќе од лани, и за 30 отсто повеќе од почетокот на 2021 година. На берзата се тргува со повеќе од 50 криптовалути, а најповеќе трансакции има со купопродажбата на Биткоин и Етериум.

- Advertisement -

Цената на овие криптовалути денеска порасна со стартот на тргувањата на Coinbase. Цената на Биткоинот моментално е околу 62.000 долари а на Етериумот, околу 2.300 долари, или во изминатите три години нивната цена порасна за 800 и 1300 проценти соодветно.

Компанијата Coinbase во првото тримесечје според првичните информации заработила 1.8 милијарди долари, а чистиот профит е од 730 милиони до 800 милиони долари.

- Advertisement -

Фото – ccnull.de

Сподели!
- Advertisement -