19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Јужна Кореја ќе посади 3 милијарди дрвја до 2050 година!

Kabtel desktop

South Korea Forest Service ги најави своите планови да посади 3 милијарди дрвја во текот на наредните три децении. Корејската влада планира да инвестира 5,3 милијарди долари со цел да ги обнови своите шуми. Тоа е дел од поголемиот план на земјата да достигне 0 емисија на гасови до 2050 година.

Програмата ќе придонесе за реализација на инцијативатса One Trillion Trees на Светскиот економски форум, која има за цел да посади 1 трилион дрвја на глобално ниво до 2030 година. Веројатно програмата на Јужна Кореја ќе продолжи и после достигнувањето на таа бројка од 1 трилион дрвја.

Според информациите од South Korea Forest Service, иницијативата ќе вклучи сечење дрвја постари од 30 години и нивно заменување со нови. Оттаму велат дека постарите дрвја имаат помал капацитет за впивање на јаглерод диоксидот и треба да бидат заменети со млади стебла.

Кога ќе биде завршен проектот, новите дрвја ќе имаат капацитет за собирање на 34 милиони тони јаглерод диоксид. Во 2018 година шумите во Јужна Кореја може да впиваат 46 милиони тони јаглерод диоксид, што е 6,3% од вкупната емисија пто ја прави земјата. Според South Korea Forest Service, ако не се заменат старите дрвја, нивниот капацитет за чистење на воздухот ќе се намали и се очекува да можат да впиваат само 14 милиони тони јаглерод диоксид до 2050 година.

(Inhabitat)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •