Одлична вест за сите кои ќе патуваат во соседството од 1 јули натаму

- Advertisement -

Токму навреме пред стартот на годинашната летна туристичка сезона и во време кога наголемо се вакцинира населението во целиот свет, па и кај нас и сите се чувствуваат побезбедни да патуваат стигнува една вест која ќе ги израдува сите.

Имено, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во статус на својот профил на Facebook напиша дека од 1 јули годинава повеќе нема да има роаминг со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека интернетот е неопходен каде и да одиме и цените за роаминг досега не беа толку ниски за да можат да си ги дозволат сите кои одат на патување надвор од земјата, ова е одлична вест.

Останува роамингот со Грција и Бугарија.

- Advertisement -

(фото: Рixabay)

Сподели!
- Advertisement -