Во вселената стигнува првиот детергент за перење алишта

- Advertisement -

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица наскоро повеќе нема да мора да чекаат летала со пратки до Земјата за да се преслечат во чиста облека. Имено, една од работите кои не се практични и пријатни за астроанутите во вселената е тоа што својата облека мора да ја носат многу подолго отколку на Земјата и да ја облекуваат повеќе пати затоа што немаат машина за перење во вселената.

НАСА сака да го промени тоа па се здружи со компанијата Procter & Gamble, која произведува средства за перење алишта под брендот Tide, за да го направи првиот детергент за перење во вселената.

- Advertisement -

Од Procter & Gamble велат дека ќе произведат детергент кој успешно ќе ја отстранува нечистотијата и непријатните мириси од облеката, додека истовремено ќе функционира во водоводен затворен систем, каков што се користи на Меѓународната вселенска страница. Тоа значи дека водата од перењето ќе може да се филтрира и да се рециклира во вода за пиење.

НАСА планира да го тестира „вселенскиот Tide” во 2022 година во експеримент наречен Mission PGTide, а во план е наскоро да се тестираа и комвинирани вселенски машини за перење и сушење алишта кои еден ден ќе се најдат и на Месечината и на Марс.

- Advertisement -

НАСА верува дека новиот детергент поради целосната биоразградливост ќе биде корисен и на Земјата за намалување на отпадот и штетните води.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -