37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Над 740.000 случаи на карцином во светот лани биле поврзани со консумација на алкохол

Kabtel desktop

Околу 4% од сите видови карцином во светот се поврзани со консумација на алкохол, е заклучокот на тим од експерти кои го проучувале влијанието на алкохолот на развојот на карциномот на глобално ниво. Изразено во бројки, 741.000 случаи на карцином во 2020 година се поврзани со нездрави навики на консумација на алкохол, објавија авторите на студијата.

Студијата за врската меѓу алкохолот и ризиците за заболување од рак ја направи тим од научници на чело со Хериет Румгеј од Меѓународната агенција за истражување на ракот во Лион (International Agency for Research on Cancer, IARC). Студијата овој месец беше објавена во списанието The Lancet Oncology.

Мажите се позасегнати од жените и претставуваат 3/4 од вкупниот број на случаи. Уделот на случаи на рак поврзани со алкохолот особено е голем во источна Европа и во источна Азија и изнесува околу 6%, додека најниска стапка имаат северна Африка и западна Азија.

Мeѓу заболените најголем дел се луѓе кои консумираат поголема количина алкохол, но и умерените консументи имаат доста голем удел од околу 14%. Тоа е слуѓето кои пијат околу 20 гр алкохол дневно или отприлика 2 помали чаши вино или 0,5 литри пиво.

Консумацијата на алкохол се поврзува со голем број случаи на повреди и заболувања меѓу кои е и карциномот и е водечка причина за ризици од заболувања на глобално ниво, се наведува во студијата. Алкохолот ја оштетува човечката ДНК и влијае на хормоналната рамнотежа, што може да придонесе за развој на карцином, предупредуваат авторите на студијата.

Најчестите видови карцином кои се поврзуваат со консумацијата на алкохол се ракот на желудникот, на црниот дроб, а кај жените ракот на дојка. Овие видови на карцином во 2020 година убиле 3,3 милиони луѓе во светот.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •