15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

Kabtel desktop

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во официјалното соопштение на Европската комисија.

Земјите-членки на ЕУ до 2035 година ќе ја споделат одговорноста за отстранување на емисиите на стакленички гасови од атмосферата, па така климатска неутралност до оваа година треба да се постигне во секторите користење на земјиштето, земјоделството и шумарството. До 2030 година, земјите-членки на ЕУ ќе треба да постигнат минимум 40 отсто од произведената енергија да биде од обновливи извори. Јавниот сектор ќе биде задолжен во секоја одделна земја да реновира минимум 3 отсто од нивните згради секоја година.

Една од главните новини е што од 2035 година ќе биде забранета продажбата на нови возила кои ги користат бензините и дизел горивото, односно новите возила од оваа година што ќе се продаваат на европскиот пазар ќе мора да бидат со нулта емисија на стакленички гасови, додека националните власти се обврзани да инсталираат до овој датум електрични полначи за возила на секои 60 километри на патиштата, како и хидроген полначи на секои 150 километри.

Покрај патниот транспорт, кон новите технологии за намалена емисија на стакленички гасови ќе мора да се преориентираат и авиосообраќајот и бродскиот превоз. Воедно, ЕУ ќе воведе нов данок на јаглерод диоксид (CO2) при увозот на железо, челик, цемент, ѓубрива, алуминиум и електрична енергија. Се заострува и постојниот систем на ЕУ за трговија со емисии на стакленички гасови (ЕТС) кај индустријата.

„Овие предлози се сите меѓусебно поврзани и комплементарни. Потребен ни е балансиран пакет и приходи којшто тој ќе ги генерира, како би се осигурала транзиција која што Европа ќе ја направи фер, зелена и компетитивна и ќе ја споделува одговорноста помеѓу различните сектори и помеѓу земјите-членки“, се наведува во соопштението на Европската комисија.

(Meta.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •