15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Франција ќе ги суспендира сите здравствени работници кои не се вакцинирани

Kabtel desktop

Француските здравствени работници се соочуваат со суспензија почнувајќи од вчера доколку не се вакцинирани барем со една доза вакцина за КОВИД-19. Француската влада се соочува со проблемот десетици илјади такви работници да не можат повеќе да работат откако ќе стапи на сола новото правило за вакцинација.

Почнувајќи од денес персоналот во болниците, возачите на амбулантните возила, вработените во старечките домови, приватните доктори, пожарникарите и луѓето кои се грижат за постари лица во нивните домови, што е една бројка од 2,7 милиони луѓе, мора да докажат дека имаат примено барем една доза вакцина ако сакаат да продолжат да работат.

Претседателот Емануел Макрон го издаде тој ултиматум пред два месеци, но десетици илјади такви работници се уште се невакцинирани. Еден од најголемите синдикати во Франција, CGT, предупреди дека ќе се случи една здравствена катастрофа ако владата суспендира толку голем број здравствени работниви и им ја забрани работата на приватните доктори.

Според проценките кои ги објави националната здравствена агенција пред една недела, околу 12% од персоналот во болниците и околу 6% од докторите во приватните клиники не се вакцинирани.

(France24)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •