12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Хотел во Италија нуди ноќевање за само 1 евро, но под еден необичен услов

Kabtel desktop

Еден хотел од Римини кој се вика Stupido hotel (Глупав хотел) одлучи престојот во хотелот да го претвори во искуство како од реално шоу. Имено, престојувањето во „глупавиот“ хотел за две лица чини само 1 евро од ноќ, но само под еден услов – ако сакатеда престојувате во хотелот, мора да прифатите да ве снимаат камери 24/7.

Значи, се што ќе правите во собата љубопитните луѓе ќе можат да го следат преку директно емитување на социјалните мрежи. На четвртиот кат од хотелот, кој ќе биде изолиран од остатокот од објектот, ќе бидат поставени камери во три соби во кои ќе престојуваат парови. Тука ќе биде сместена и режијата, а неизбежен ќе биде и коментатор кој како вистинско водител на реално шоу ќе ја води програмата.

Ова е дигитална епоха во која сите живееме онлајн. Нонстоп сме на Facebook, Instagram или на Tik-Tok. Сите сакаат да бидат видени, така што ние одлучивма да понудиме одмор по минимална цена под услов туристите да ја жртвуваат својата приватност“ изјави сопственикот на хотелот, Фабио Силва и додаде дека тој проект ќе почне да се реализира од април идната година.

Се што се случува во собите ќе може да се гледа непрекинато 24/7 преку Twitch, 12 часа на YouTube и 2 часа на Facebook. Хотелот, кој прима и луѓе со домашни миленици, веќе доби огромен број барања за престој во собите со камери. Инаку, цената на едно ноќевање во „глупавиот“ хотел е од 60 до 150 евра.

(RTS)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •