„Мерк“ очекува лекот „Молнупиравир“ да и донесе до седум милијарди долари приходи

- Advertisement -

Лекот Молнупиравир од „Мерк“ може да и обезбеди на американската фармацевтска компанија до седум милијарди долари приход од продажба до 2022 година, јави Блумберг, цитирајќи претставници на компанијата.

-Износот вклучува до милијарда долари приход оваа година доколку експерименталниот лек биде одобрен за употреба во декември, изјави Каролин Личфилд, главен финансиски директор во Мерк. Таа очекува продажба од најмалку пет милијарди долари до крајот на следната година, под услов лекот да биде одобрен за употреба. Молнупиравир стана еден од најочекуваните лекови против коронавирусот, бидејќи лекот е релативно евтин за производство и лесен за транспорт. Мерк, исто така, ги диверзифицираше своите приходи со купувањето на производителот на ретки лекови Acceleron Pharma Inc. за 11,5 милијарди долари.

- Advertisement -

Мерк ја зголеми својата годишна прогноза откако објави квартални приходи кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. Коригираната годишна заработка се очекува да се движи помеѓу 5,65 и 5,70 долари по акција, во споредба со претходните очекувања од 5,47 до 5,57 долари по акција. Компанијата очекува годишен приход од 47,4 милијарди долари до 47,9 милијарди долари. Прогнозите не вклучуваат потенцијална продажба на Молнупиравир.

Кварталната заработка достигна 1,75 долари по акција, надминувајќи ја просечната пазарна прогноза од 20 центи по акција, додека приходите достигна 13,2 милијарди долари, што повторно ги надмина очекувањата на аналитичарите од 12,3 милијарди долари. зш/

Сподели!
- Advertisement -