5.8 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

ОН дизајнираат пловечки град кој ќе издржува урагани од 5 степен

Kabtel desktop

Глобалното затоплување предизвикува многу физички опасности како суши, пожари и поплави. Според Меѓувладиниот панел за климатски промени, глобалното затоплување е неповратно, што значи дека опасностите допрва ќе доаѓаат. За среќа, некои земји почнаа да планираат однапред.

Градот Бусан во Кореја, UN Habitat и OCEANIX заедно ќе го градат првиот прототип на одржлив пловечки град со цел да излезат во пресрет на физичките опасности.

Одржливите пловечки градови се дел од арсеналот стратегии за адаптација на климата. Наместо да се бориме со водата, да научиме да живееме во хармонија со неа. Сo надеж ги очекуваме решенијата базирани на природата преку овој концепт за пловечки град, а Бусан е идеалниот избор за имплементација на прототипот“ изјави извршниот директор на UN-Habitat, Маимуна Мод Шариф.

Како што расте популацијата, се повеќе луѓе се преселуваат во крајбрежни градови. Сепак, на тие региони им се закануваат поплави и урагани. Дел од адаптацијата на климатските промени е токму изградбата на градови кои можат да ги преживеат тие опасносто. Технологијата и науката кои се имплементирани во овој прототип на град може да се применат и во други градови во други региони со цел да се изгради еден свет отпорен на климатските промени.

Градот Бусан е еден од најбитните поморски градови на 21 век и е идеална локација за првиот прототип на пловечки град. Новиот пловечки град ќе се состои од низа хексагонални платформи поставени на вода, а ќе бидат обложени со слој кој ќе дојде во контакт со електрична струја добиена од подводните минерали ќе се поправа самиот.

Градот ќе биде целосно независен, ќе создава сопствена храна и вода и ќе биде имун на сите видови закани од климатските промени, вклучувајќи и урагани од категорија 5.

(Interesting Engineering)

(фото: Oceanix)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!