-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Apple подигна тужба против израелска компанија која разви софтвер за шпионирање на iPhone

Kabtel desktop

Иако телефоните на Apple се многу побзбедни од Android телефоните, сепак и корисниците на iPhone можат да бидат прислушкувани и следени, што на своја кожа го почувствува и шефот на Amazon, Џеф Безос. Еден од најчестите начини на кои може да се пробие заштитата на iPhone е со софтверот Pegasus на израелската компанија NSO Group. Таа компанија, односно компанијата чиј дел е NSO Group, Q Cyber Technologies, својот шпионски софтвер го продава на влади кои го користат за шпионирање на своите сограѓани.

Од NSO Group велат дека своите алатки кои ја заобиколуваат заштитата на уредите им ги продаваат само на влади и на полициски сили, како и дека имаат алатки за заштита со кои можат да спречат злоупотреба на софтверот. Со името на Pegasus се повруваат и случаи на следење на новинари, политичари, научници и активисти за човечки права. Меѓу другтот, нивниот шпионски софтвер се користи и за надзор на некои американски граѓани, поради што од Apple одлучија да покренат тужба против NSO Group и Q Cyber Technologies.

Освен за продажба на шпионски софтвер, Apple компаниите ги обвинува и за давање поддршка и консултации при изведување напади. Од судот бараат на NSO Group да и се забрани користење на софтверот за да се спречат идните напади и шпионирање а луѓе и велат дека ќе донираат 10 милиони долари, како и парите добиени од тужбата на компаниите за да помогнат во откривањето на нападите на корисниците на iPhone.

Apple не е единствената американска компанија која ја напаѓа NSO Group. Израелската компанија е ставена и на американската црна листа со компании со кои е забранета соработка, а предходно против неа правни акции презедоа и технолошките гиганти како Microsoft, Alphabet, Metа и Ciscо.

(Business Insider)

(фото: NSO Group)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!