Илон Маск сака да се откаже од бизнисите и да стане инфлуенсер

- Advertisement -

Изврпниот директор на компанијата Tesla, Илон Маск, на својата омилена социјална мрежа Twitter напиша дека размислува да ги напушти сите свои бизниси и да стане инфлуенсер. Маск е многу активен на Twitter и на својот профил често најавува некои новини или бара совет од следбениците, како и што размислува и што го интересира.

Со оглед на неговото влијание во светот на технологијата, тешко веројатно е дека бил сериозен кога напишал „Размислувам да ги напуштам сите свои бизниси и да станам инфлуенсер со полно работно време. Што мислите за тоа?“.

- Advertisement -

Во коментарите многу инфлуенсери и јутјубери му напишале дека му даваат поддршка, а Маск дури заклучи дека би можел да направи и профил на OnlyFans, платформата која е наменета за продажба на содржини за возрасни.

Иако навистина се мали шансите овој технолошки магнат и моментално најбогат човек во светот да ги напушти своите компании, идејата да биде инфлуенсер не е ни најмалку луда со оглед на тоа колкаво влијание има врз луѓето во светот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -