-5.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Кафуле во кое работат само роботи доби награда за најдобар дизајн во Јапонија

Kabtel desktop

Кафулето Дawn (Diverse Avatar Working Network) е иднината на земјата во која повеќе од 1/ од населението не може да работи поради физички или ментални попречувања на постара возраст. Со ова кафуле во Токио работењето од дома добива сосема ново значење, каде што работат само роботи управувани од страна на луѓе од различни делови од земјата.

Роботите се управувани од луѓе во цела Јапонија и подалеку, кои имаат физички хендикепи како амиотропна латерална склероза. Некои од нив можат со роботите да управуваат само со движење на очите, но најголем дел од нив можат да гледаат, да слушаат и да зборуваат со посетителите на кафулето преку интернет.

Отпрвин замислено како поп ап кафуле, популарната локација стана постојана во 2021 година и неодамна ја доби престижната награда за најдобар дизајн Good Design Grand Award. Судиите ги пофалија роботите кои им помагаат на луѓето да ги надминат пречките од нивните ограничувања и да станат вистински дел од општеството.

„Очекуваме кафулето да се прошири низ цела Јапонија и подалеку, но исто така да служи како стартна точка за понатамошна експанзија на контактите меѓу луѓето со различен хендикеп кои сакаат да работат со компаниите и консументите“ велат судиите.

Роботите кои работат во кафулето се креација на Кентаро Јошифуџи, кој до идејата дошол после патешествието кое го доживела кога три и пол години лежел во кревет.

Кога ќе влезете во кафулето ве пречекува робот, друг ви препорачува што да нарачате од менито, а OriHime-D роботите ве служат со пијалаци. DAWN има и механички бариста, а друг OriHime робот ви помага да изберете соодветни зрна кафе и чоколада која оди со тоа кафе.

(Design Indaba)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!