Истражување: канабисот може да спречи инфицирање со КОВИД-19

- Advertisement -

Нова прелиминарна студија стана вирална откако покажа дека две хемиски состојки кои се содржат во живите растенија на канабисот може да спречи инфицирање со вирусот САРС-КоВ-2. Тие состојки спречуваат инфицирање ан здравите клетки и нивно претворање во фабрики на вирусни клетки. Тоа не значи дека пушењето марихуана ќе ве заштити од КОВИД-19, како ни дека причината зошто некој се заразил со вирусот, а друг не има врска со тоа кој пуши, а кој не пуши марихуана.

Всушност, пушењето марихуана не е добра идеја во доба на пандемија на вирус кој најмногу ги погодува дишните патишта, а состојките кои штитат од зараза секако не може да се внесат во организмот преку пушење, што значи дека мора специјално да бидат издвоени за од нив да се направи посебен лек или третман.

- Advertisement -

Тимот од истражувачи од Државниот универзитет на Орегон и Универзитетот за здравје и наука употребиле посебна алатка за да ги откријат хемиските сосотјки од природните производи од кои може да се добијат корисни лекови за спречување на инфекција со КОВИД-19.

Како резултат на тоа тие откриле две состојки наречени канабигеролична киселина позната како CBG-A и канабидиолична киселина позната како CBD-A. И двете состојки имаат соодветна молекуларна структура за спречување на шилестите протеини на САРС-КоВ-2 да навлезат во клетките и да се спојат со нив. Сето тоа е опишано во студијата објавена во весникот Journal of Natural Products.

- Advertisement -

Хемикалиите потоа биле тестирани на човечки клетки во петри чинија и докажале дека и двете состојки можат да ги спречат шилестите протеини на корона вирус.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -