Новиот концепт хиперсоничен авион на Boeing може да биде духовен наследник на авионот SR-71 Blackbird, кој може да достигне брзина поголема од 3 маха. Boeing го претстави моделот и рендерот на концепт делта-винг авионот во текот на форумот AIA SciTech, а станува збор за авион за напад и извидување, кој во теорија може да лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот. Тоа би го постигнал со својата waverider конфигурација, која би му овозможила да ги користи сопствените ударни бранови произведнеи во текот на летот за да го зголеми својот погон и да го намали отпорот.
Компанијата интерно го нарече авионот Valkyrie II, а моментално е во фаза на концепт. Valkyrie II е еволуција на концептот Boeing Valkyrie од 2018 година, кој претставува хиперсоничен патнички авион кој би можел да стигне од Лондон до Њујорк за само два часа. Хиперсоничниот концепт се споредува со Lockheed Martino проектот SR-72, кој би бил наследник на моделот SR-71 Blackbird.
Lockheed Martin и Boeing во својот дизајн користат мотор со комбиниран циклус за достигнување брзина од 3 маха, а потоа се преминува на двоeн рамџет за достигнување хиперсонична брзина. Lockheed Martin се здружи со компанијата Aerojet Rocketdyne на развојот на моторот, додека Boeing соработува со компанијата Orbital ATK.
SR-72 ќе може да го направи тест летот веројатно воо 2025 година, а се очекува брзина од 5 маха, односно 7.400 км/ч. SR-71 Blackbird е најбрзиот авион со екипаж во историјата, иако Американските воздушни сили го повлекоа уште во 1998 година. SR-71 и новиот концепт на Boeing веројатно нема да имаат екипаж.
(Klix.ba)