КОВИД-19 вакцина за децата помали од 5 години ќе биде достапна во САД од крајот на овој месец. Според извештајот на Washington Post, тактиката на примање две дози ќе се следи и за децата, откако ќе добие дозвола во земјата. Бидејќи бројот на заболени се повеќе се зголемува како резултат на омикрон варијантата, фокусот се става на зајакнување на имунитетот на секоја индивидуа со бустер вакцини.
Pfizer веќе почна со тестирање на вакцината против омикрон варијантата,но додека резултатите од тоа ќе бидат достапни после извесен период, властите сакаат да ги вакцинираат децата помали од 5 години и побараа од компанијата да ги поднесе сите потребни податоци за одобрување на вакцината.
Pfizer и BioNTech, исто така, собираат информации за тоа дали третата доза обезбедува поголема заштита отколку само две дози. Сепак, се очекува тие податци да бидат готови на крајот на март и властите не сакаат да чекаат толку долго за да донесат одлука завакцинација на децата помали од 5 години.
Властите уште веднаш ќе почнат со анализа на на информациите за вакцинацијата за децата од 6 месеци до 5 години и ако се задоволни со тоа што ќе го добијат, може да ја одобрат вакцината пред крајот на овој месец. Одлуката за тоа дали ќе се применува и трета бустер доза кај децата ќе биде донесена подоцна.
Многу родители во САД сакаат да ги вакцинираат своите деца и оваа вест секако дека ќе ги израдува.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixnio)































