Како влијаат маските на децата и на нивниот развој?

- Advertisement -

Две години после почетокот на пандемијата загриженоста за можното вкијание на маските врз јазичниот, емоционалниот и доцијалниот развој на децата е во фокусот на сите. Во САД последните недели се зголемија барањата за укинување на задолжителните маски во училиштата. Научните студии покажаа дека маските навистина влијаат на способноста на децата ги препознаат лицата и емоциите.

Како и кај возрасните, маските може да пречат во вербалната комуникација. Но, експертите се поделени во однос на долгорочните ефекти врз развојот на децата.

- Advertisement -

Првата причина за загриженоста се однесува на учењето јазици, што се случува во првите години од животот. Децата учат да зборуваат преку социјална интеракција, а посебно кога гледаат во устата на возрасните за да учат слогови. Бидејќи тоа сега не е возможно, логично е да претпоставиме дека има штетно влијание.

Од Американското здружение за говор-јазик-слух велат дека децата не учат само од гледање во лицето. Тие учат и кога слушаат гласови и ги следат гестовите и движењата на очите на луѓето околу нив. Оттаму напоменуваат дека лушето со оштетен вид исто така учат добро да зборуваат и дека маските не се носат постојано.

- Advertisement -

Во овој момент не постојат студии кои директно би го проценувале долгорочното влијание на развојот на говорот и јазикот и комуникацијата кога малите деца комуницираат со возрасните кои носат маски, но постојат студии кои покажуваат дека децата можат да се прилагодат на други комуникациски показатели и гестови кога не се гледа устата на возрасните.

Но, според друго истражување од Франција, маските може да пречат во учењето да се чита кај децата со тешкотии во учењето. Сепак, од Американското здружение за говор-јазик-слух велат дека нема простор за загриженост.

- Advertisement -

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести ограничените достапни податоци не укажуваат на јасни докази дека маските го нарушуваат јазичниот или емоционалниот развој на децата. Центарот препорачува маски во јавност за деца постари од 2 години, додека СЗО предлага маски за постари од 5 години.

Сепак, меѓу психијатрите ситуацијата е малку поинаква. Побитна е емоционалната страна на сето тоа, вели Манфред Спицер, кој е специјалист за когнитивна неуронаука на Универзитетот Улм во Германија. Тој напоменува дека првото што се губи со маските е насмевката. Во образовните средини постојат многу имплицитни повратни информации меѓу учителот и детето. Ако ја нарушите таа постојана комуникација, сигурно ќе го попречите успешното учење, вели Спицер.

Постои и страв за способноста за создавање социјални односи. Многу студии покажаа дека маските го отежнуваат препознавањето на лицето и емоциите, вклучувајќи ги и најмладите. Студијата на деца на возраст од 7 до 13 години, објавена во спосанието PLOS One, потврди дека емоциите како страв, тага или лутина послабо се идентификуваат кога некој носи маска. Заклучено е дека маските веројатно нема драматично да ја нарушат социјалната интеракција меѓу децата во нивниот секојдневен живот.

Друга студија, објавена во списанието Frontiers in Psychology, покажа дека препознавањето емоции кај луѓето со маски на лицето значително е помало кај децата од 3 до 5 години. Тие резултати сугерираат дека живееме во време кое може потенцијално да влијае на развојот на социјалното и емоционалното расудување, велат авторите на студијата.

Керол Видал, психијатар од Универзитетот Џонс Хопкинс, вели дека е загрижена за социјалните последици, иако родителите не би требало да паничат. Видал е дел од група медицинари и научници кои повикуваат на укинување на задолжителното носење маски во училиште, каде што и така е тешко да се одржува строгото носење маски. Таа вели дека се се сведува на балансирање ан ризиците и користа.

(Zimo)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -