До 2031 година 57 милиони луѓе ќе полетаат во вселената

- Advertisement -

Благодарение на компании од типот на SpaceX, Blue Origin и Virgin Galactic и офоцијално започна добата на вселенски туризам. Патувањето во вселената досега беше резервирано за астронаутите. но сега е отворено за сите, односно за сите кои можат да си го дозволат тоа затоа што за таа авантура треба да имаш многу пари.

Можеме да речеме дека минатата година беше поставен камен-темелникот на вселенскиот туризам кога на 11 јули Ричард Бренсон, основачот на Virgin Galactic, одлета до работ на вселената. Во текот на летот од околу еден час ракетата Unity достигна висина од 90 км, а вселенските туристи неколку минути беа во бестежинска состојба. Само десетина дена подоцна своите соништа ги оставри и основачот на Аmazon, Џеф Безос, кој со неговото летало New Shepard достигна висина од 107 км.

- Advertisement -

Голема улога во вселенскиот туризам има и Илон Маск. Иако уште сам нема полетано во вселената, леталото на неговата компанија SpaceX успешно превезува туристи во вселената, а астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Според проценката на швајцарскиот финансиски холдинг UBS, моменталниот потенцијал на вселенскиот туризам изнесува 4 милијарди долари, додека проценката на вселенскиот туристички потенцијал во 2019 година изнесуваше 3 милијарди долари. Во иднина тие цифри ќе бидат многу повисоки, а според проценките на Northern Sky Research, до 2031 година во вселената ќе полетаат околу 57 милиони патници. Вредноста на пазарот дотогаш треба да изнесува над 20 милијарди долари.

- Advertisement -

Билети за вселенски туристички летови веќе купија и многу познати личности како Леонардо ди Каприо и Џастин Бибер, како и околу 700 други луѓе кои од ноември минатата година досега однапред платија за своите летови. Кога ќе продолжат летовите со Virgin Galactic, ричард Бренсон проценува дека листата на чекање ќе се зголеми на 1.000 луѓе.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Virgin Galactic)

Сподели!
- Advertisement -