Google Street View пристигнува и на мобилните телефони

- Advertisement -

Функцијата Street View на апликацијата Google Maps доби неколку надградби по повод 15 години постоење. Најголемата новина е то што историскиот Street Viewприказ пристигнува и на уредите со оперативни системи iOS и Android, а другата новина е повеќе преносни камери за кои од Google се надеваат дека во иднина ќе го олеснат развојот на Street View.

Од 2014 година преку Street View можеше да се види како некоја локација се менува со тек на време, но таа функција беше достапна само за десктоп верзијата на Google Maps. Наскоро истата опција ќе биде достапна и на апликациите наменети за оперативните системи iOS и Android.

- Advertisement -

Корисниците функцијата ќе можат да ја активираат на која било точка на екранот додека се користи Street View modе, а потоа потребно е да се избере „Видете повеќе датуми“ („Ѕee more dates”) за пристап до историскиот изглед на некоја локација.

Од Google тврдат дека на овој начин ќе се овозможи враќање дури во 2007 година, кога е стартуван Street View, но само за локациите кои биле достапни и во тоа време.

- Advertisement -

Google најави и нова преносна камера која снима под агол до 360 степени, Моментално компанијата користи специјални автомобили и големи ранци опремени со камери, но новата камера ги комбинира сите опции во еден уред тежок помалку од 6,8 кг.

Камерат е дизајнирана да го олесни развојот на Street View ширум светот, а ќе овозможи и почеста надградба, за разлика од автомобилите опремени со камери, чиј транспорт треба да се плати.

- Advertisement -

Досега податоците за Street View се собирани со гломазни камери и нивно фиксирање за речиси се – од моторни санки до венецијалнки гондоли.

(Klix.ba)

(фото: geograph.org.uk)

Сподели!
- Advertisement -